Роботот на Самсунг „GEMS“(Систем за зајакнување и мотивирање на одењето) е овластен во Јужна Кореја, објави компанијата во понеделникот, додавајќи дека со сертификацијата станува прва компанија во Јужна Кореја што регистрирала робот за лична нега.

„GEMS“ им помага на луѓето кои имаат проблеми со одењето и болки во половината со што ја зголемува брзината на одење и ја штеди енергијата при носењето.

Сертификацијата ќе ни овозможи да ги приближиме роботите кон нашиот секојдневен живот и да ја подобриме нивната достапност и корисност, рече раководителот на центарот за роботи во Самсунг Рисчч Сунгчул Канг

„GEMS“ е сертифициран во согласност со ISO 13482, барањата на Меѓународната организација за стандардизација за безбедносните барања за роботи за лична нега, особено роботи за физичка помош, роботи за носачи на лица и роботи за мобилни слуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.