За прв пат досега, Huawei продаде повеќе телефони од најголемите конкуренти Samsung и Apple. Податоците се однесуваат на вториот квартал на 2020 година, според изјавата и анализата на Каналис.

Така, Huawei успеа да го собори досегашниот неспорен Samsung како најголем производител на телефони со продадени 55,8 милиони уреди. Ова е, всушност, 5 проценти помалку во споредба со нивните резултати од истиот период лани, додека Samsung забележа пад на продажбата од дури 30 проценти со продажба од 53,7 милиони.

Причината за ваквите бројки секако лежи во пандемијата што го погоди целиот свет, вклучително и производителите на телефони. Притоа, Huawei има продадено 70 проценти од своите уреди во Кина, каде што ситуацијата со короната е под контрола во последните четири месеци, за разлика од остатокот на светот.

Успехот на Huawei е секако вреден за пофалба,  имајќи предвид дека, како и другите, тие се бореа со короната,  но и со силното американско лобирање против нив и забраната за користење на услуги на Google, што секако влијаеше на падот на продажбата на европскиот, но првенствено на американскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.