Компанијата Гугл во четвртокот го објави започнувањето на новата мапа за шумите и нивните граници со цел пребарување на шумските пожари, за своите корисници во Соединетите држави. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да ја видат локацијата и релативната големина на шумскиот пожар на нивниот телефон или компјутер.

Ако корисниците решат да побараат одредена локација погодена од пожар, тие ќе можат да пристапат до сите информации што се сметаат за релевантни за погодениот регион, вклучително и „натписи, вести и корисни ресурси од локалните агенции за итни случаи“.

За американскиот технолошки гигант, оваа нова функција е продолжување на претходно развиените „јавни и СОС сигнали за стотици илјади кризи ширум светот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.