Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“.

Според дизајнерот на „Гугл Хром“, Елвин Ху, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот.

Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години – напиша Елвин Ху на Твитер.

Кога пребарувачот првпат се појави во 2008 година, логото изгледаше како светкав, шарен тридимензионален знак, па со тек на годините изгледот се промени во малку „подводимензионален“ симбол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.