Фејсбук ќе додава информативни ознаки на објави за вакцините против коронавирус, во рамки на кампањата за борба против дезинформации поврзани со пандемијата.

Извршниот директор на компанијата Марк Цукенберг денес соопшти дека ознаките ќе содржат одредница за „веродостојни информации“ за вакцините од Светската здравствена организација, пренесува АП.

Како што е објаснето, ознаките ќе бидат достапни на англиски и на уште пет јазици, а се најавува дека во наредните недели ќе бидат додадени и други јазици.

Фејсбук ќе додаде и алатка која ќе им помага на корисниците да се вакцинираат така што ќе ги поврзуваат со информации за тоа каде и кога може да се имунизираат.

Фејсбук и Инстаграм беа критикувани дека овозможувале да се шири пропаганда против вакцинација, но и поради спорото отстранување на дезинформации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.