„Фејсбук“ почна да ја тестира својата ноќна верзија кај повеќе корисници, а претходно беше тестирана на мал број. Опцијата сега може да биде достапна и за вас доколку сте помеѓу „одбраните“.

Компанијата ја претстави новата верзија на истоимената апликација во мај, а верзијата вклучува и ноќен режим. Меѓутоа, не ја добија оваа опција сите корисници. Сега компанијата ја тестира опцијата на повеќе корисници.

За да проверите дали може да ја тестирате опцијата, одете во „Settings“ или можностите за нагодување и видете дали ја имате опцијата за ноќен режим, односно „Dark mode“. Доколку ја имате, треба само да ја вклучите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.