Фејсбук нема да објавува политички реклами кои предвреме тврдат кој победил на претседателските избори во САД во 2020 година, објави во средата портпаролот на компанијата.

Мерката доаѓа како дополнение на плановите на гигантот на социјалните медиуми да „поттикне гласање“ и да стави крај на дезинформациите на својата платформа пред анкетите во ноември, со забрана за нови политички реклами во неделата пред гласањето.

Фејсбук исто така рече дека може да „ограничи промет на содржина“ доколку ситуацијата во врска со изборите се претвори во „хаотична“ или „насилна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.