„Фејсбук“ планира да ја ограничи продажбата и содржините поврзани со алкохол и производи од тутун, вклучувајќи ги и електоронските цигари. Новата политика, што веќе стапи во сила, ќе ги забрани сите приватни продажби, размени, трансфери и подароци од алкохол и тутун на „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Бизнисите што објавуваат содржини поврзани со алкохол и тутун, наводно ќе треба да ги ограничат содржините за луѓето од 18 години и постари.

Групите на „Фејсбук“ создадени за продажба на алкохол и производи од тутун, исто така се предмет на новите правила, а администраторите на групите се предупредени за промените.

Новата политика не важи за сите инстаграм-постови и фејсбук-постови. Објавите за алкохол и тутун што не се обидуваат да ги продадат директно, и понатаму се дозволени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.