Судот во Тексас му нареди на Ејпл да плати половина милијарда долари отштета и камати за нарушување на патенти од 4Г мрежата во Ајфон и други уреди. Судот откри дека е докажано дека Ејпл прекршила пет патенти на компанијата „Optis Wireless Technology“ (ОВТ).

Сумата утврдена на 506,2 милиони американски долари може да биде уште поголема, поротата открила дека компанијата намерно ги има нарушено патентите. Ова му овозможува на судот да го удвои износот на паричната казна.

Компанијата ОВТ и нејзините партнери во случајот, „Panoptis Patent Management“ и „Unwired Planet LLC“, тврдат дека смартфоните, часовниците и таблетите на Ејпл, кои работат со „LTE“ мобилниот стандард, ја користат нивната технологија. Ејпл, кој тврди дека патентите не се валидни, вети дека ќе ја обжали пресудата, пренесува Економиктајмс.

Ваквите тужби од компаниите кои само пуштаат патенти за да ја вознемируваат индустријата, служат само за задушување на иновациите и штети на потрошувачите“, критикуваше Ејпл, нарекувајќи ја ОВТ – „патентен трол“.

4Г мрежата, позната како „LTE“ во некои европски земји, во моментов е најшироко користената технологија за брз пренос на податоци во мобилните комуникации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.