Најновата верзија на оперативниот систем на компанијата Apple, iOS 14 има за цел да стави крај на прислушкувањето и користењето на камерата и микрофонот на вашиот телефон без дозвола.

Поради тоа, iOS 14 има опција што на корисниците им овозможува да видат кога е вклучен нивниот микрофон или камера. Корисниците тоа отсега ќе го видат со помош на портокаловата точка во горниот десен агол на екранот, а користејќи го „Control Center“ може да се провери која апликација моментно го користи микрофонот или камерата, пренесува порталот усб.мк.

Доколку не сакате некоја апликација да ги користи податоците собрани на овој начин, тогаш би требало тоа и да го оневозможите. Од друга страна, секогаш можете да ја избришете апликацијата ако сте сомничави.

Многумина се загрижени поради ваквите ситуации, поради тоа што тврдат дека им се случувало да зборуваат за нешто со пријателите, а подоцна им се појавуваат реклами за тоа или на фејсбук или на инстаграм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.