Денес е трет ден Духовден, празник кој се смета за роденден на Христовата црква. Денес, на светата педесетница, кога црквата го слави својот роденден, бидејќи на денешен ден Светиот Дух се симнал на апостолите Христови, не се оди на гробишта, туку е добро да се посети некој од нашите храмови и да се присуствува на литургија.

Има едно погрешно верување меѓу народот дека Духовден се вика поради душите на починатите. Но, Духовден се нарекува поради празнувањето на Светиот Дух, откривањето на третото лице на Света Троица, а не заради душата на починатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.