Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 50 минути по полноќ регистрира земјотрес.

Eпицентарот на земјотресот е забележан на 320 километри југоисточно од Скопје во соседна Република Грција.

Земјотресот, соопшти Сеизмолошката опсерваторија, имаше локална Рихтерова магнитуда 5,3, а беше почувствуван од населението на југоисточните делови од државава со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.