Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република  Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 30.03.2021 година во 06 часот и 15 минути, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65km југозападно од Скопje и со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.