Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Гевгелија и околината.

Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, е регистриран во 13 часот и три минути, чиј епицентар се наоѓа 140 km југоисточно од Скопјe и потекнува од гевгелиското епицентрално подрачје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.