Поради интензивни врнежи од снег, од синоќа во 23.10 часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Дожд врне во Mакедонски Брод, Дебар, Кичево и на планинските превои Буково и Пресека.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.