Поради одрони и паднати дрва на патот од вчера од 18.30 часот е воведена забрана за движење за сите типови на моторни возила на патниот правец од Мавровска крстосница до Дебар, информира АМСМ.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, предивикани од врнежи од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.

ЈП „Македонијапат апелира“ предупредува на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот, посочувајќи дека негови дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, затворен е за сообраќај за сите видови на возила до 1 април 2021 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.