До четврток времето во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и топло преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, пишува Метеоаларм.

Од петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд кога ќе дува и умерен, долж повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови намалување на температурите на воздухот. На планините ќе има услови за провејување на снег.

Во Скопје и околината до четврток времето ќе биде претежно сончево, додека од петок облачноста полека ќе се зголемува.За време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.