Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.