Времето денеска ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Минималната температура е во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени Целзиусови.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат в недела во текот на ноќта и в понеделник претпладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.