Денеска времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, по котлините со слаба магла. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени, Маврово 12, Охрид 14, Битола 16, Крива Паланка, Кавадарци и Берово 17, Дојран 20.

И за утре прогнозата е умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневните температури ќе бидат слични на денешните.

Од понеделник до среда, пак, се очекуа променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во понеделник максималната температура треба да достигне до 20, во вторник до 19, а во среда до 18 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.