Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 27 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до сабота ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. В сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни. Од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Минималните температури ќе бидат од осум до 17, а максималните од 19 до 28 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.