Промената која што веќе ја најавивме и ќе се случи уште во среда доцна навечер и во текот на ноќта кон четврток, а особено во четврток, ќе донесе значителен на температурите на воздухот (за околу десет степени, понекаде и за повеќе), информира Славчо Попоски.

Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер, кој ќе биде и со засилен интензитет, особено долж Повардарието. Исто така, особено во четврток, ќе имаме зголемена облачност која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и тоа особено од пладневните часови па натаму, од локален карактер и нешто поинтензивни. Ќе има услови и за локална појава на грмежи како и со засилување на ветерот.

Нестабилноста е повеќе веројатна на запад и на југ од државава.

Најтопло ќе биде утре и во среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, а во четврток максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Понатамошен пад на температурите на воздухот ќе има во петок, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Особено студено ќе биде во сабота, кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени во најтоплите предели од државава.

Поради ваквата ситуација и поради разведрувањето, во сабота наутро не се исклучува можноста за појава на слана или слаб мраз на некои места и тоа особено во Малешевијата, па така за секој случај земјоделците да си ги заштитат своите земјоделски култури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.