Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата особено на северот значително ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура утре ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната од 18 до 29 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела кога минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 24 до 32 степени. Од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура. В понеделник дневните температури ќе се движат од 27 до 33 степени, во вторник од 28 до 34 степени, а во среда од 30 до 37 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.