Министерството за внатрешни работи информира дека утре поради одржување на спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје.

Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е пред Музеј на град Скопје – улицата „Св. Кирил и Методиј“, лево по булеварот „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булеварот „Мајка Тереза“, лево по улицата „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно – „Милениумски крст“, а трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин“, на булеварот „Мајка Тереза“, право по улицата „Тодор Александров“ и кај улицата „Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно.

Од тие причини, како што појаснуваат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.