На 27.09.2020 (недела) со почеток во 09.45 часот, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје, ќе се одржи спортско-рекреативна трка „Прв до врв“, со траса на движење на велосипедската трка со почеток од пред Музеј на град Скопје на ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врвот на Водно („Милениумски крст“).

Трасата на движење на планинарите, пак, е со почеток од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по ридско пешачките патеки кон Средно Водно, а од Средно Водно кон врвот на Водно („Милениумски крст“).

Министерството за внатрешни работи ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Воедно, Министерството за внатрешни работи апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.