Невообичаено високите температури кои не очекуваат веќе од утре, и тоа во период кога зимата треба да биде со најголем интензитет ни доаѓаат од Медитеранот од каде ќе пристигне многу топла воздушна маса со потекло од северот на Африка.

Истовремено силните јужни и југозападни високи струи ќе донесат честички од песок од Сахара, па во подрачја со врнежи дожд или снег, водените капки ќе содржат пустински честички од песок, велат метеоролозите од регионов.

Дневната температура е во пораст така што максималните температури во овој период ќе се движат од 10 до 15, 17, па и 20 степени. Кон средината на идната недела со засилување на јужниот ветер максималните температури во планинските подрачја (т.н. ефект на фенот) може да бидат за неколку степени повисоки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.