Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм/ф-250мм утре во делови од населбата Чаир ќе има прекин на водоснабдувањето.

Ве известуваме дека на ден 15 април 2020 година поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм/ф-250мм на ул.„Цветан Димов“ бб (до ДГ „Фидани“) во населба Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат дел на корисниците од ул.Чаирска и згр.бр.2 и 4 од ул.„Цветан Димов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.