Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Битола, Охрид, Ресен, Железнец, Демир Капија и на планинските премини Ѓавато и Буково.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г.п. Ќафасан (од бензиска пумпа ОКТА до влез во с.Радолишта) брзината е ограничена на 40км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.