Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, кој во текот на утрешниот ден локално ќе се прошират и во останатите предели, информира метеорологот Славчо Попоски.

Локално утре ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално врнежите ќе бидат со нешто поголем интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски за разлика од денешните.

Потоа од понеделник повторно ќе имаме постабилно и релативно суво време, исклучок ќе биде среда кога ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд во јужните предели од државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.