Кандидатката за претседателка на државата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Сиљановска Давкова, вечерва во 19 часот ќе го одржи централниот митинг во Скопје пред Владата.

Централниот митинг на кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, пак, ќе се одржи утре во Скопје во 14 часот пред зградата на ЕУ Инфо Центар.

Денеска ќе биде затворен дел од булеварот Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски. Посебниот сообраќаен режим ќе трае утре до полноќ.

Поради маршот организиран од политичката партија СДСМ, чиј почеток е закажан за 12.30 часот в недела, за сообраќај ќе бидат затворени улиците по кои ќе се одвива настанот.

Од МВР соопштуваат дека блокадата ќе почнува од Соборниот храм, потоа право по булеварот Партизански одреди, десно по улицата Васил Главинов, па лево по улицата Димитрие Чуповски и право до крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин.

Потоа, пред МТВ и МАНУ право по булеварот Крсте Петков Мисирков, право по булеварот Кочо Рацин до крстосницата со улицата 11 Октомври, како и пред Транспортен центар право по булеварот Кузман Јосифовски – Питу, лево по булеварот Кочо Рацин до крстосница со улицата 11 Октомври.

Исто така, ќе биде затворена делницата од Тутунскиот комбинат право по улицата 11 Октомври до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, како и од крстосницата помеѓу булеварот Кочо Рацин и улицата Беласица право по булеварот Кочо Рацин, десно по улицата Свети Кирил и Методиј до седиштето на ЕУ, каде што во 14 часот ќе се одржи митинг.

Покрај ова, од 13 април од 14 часот до 14 април до 24 часот, ќе биде затворена за сообраќај улицата Свети Кирил и Методиј, и тоа на потегот од крстосницата со булеварот Кочо Рацин до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.