УХМР за утре попладне најавува развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа, како што наведува, процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме.

Во недела времето ќе биде нестабилно претежно попладне и во источните делови од земјата со појава на пороен дожд и грмежи, но од понеделник се очекува претежно сончево време со побрз пораст на температурите.

Особено топло, според УХМР, ќе биде кон средината на работната недела. Температурите ќе се движат од минимални 13 степени во утринските часови до 40 степени во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.