Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре попладне најпрво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја времето ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопската котлина во вечерните и ноќните часови времето ќе биде облачно со повремен дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме.

Од недела ќе дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Минимална температура ќе се движи од четири до 17, а максималната од 16 до 26 степени.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.