Денеска времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната температура ќе се движи од 20 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 26 степени. Во Маврово 23, Охрид 22, Битола и Крива Паланка 26, Берово 22, Кавадарци и Дојран 29 степени.

Следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.