Облачно време со врнежи од дожд и вретер од јужен правец нè очекува од утре и за време на викендот. Меторолозите најавуваат пообилни врнежи во сабота над 20 л/м2, кога ќе има и услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Оттаму најавуваат дека утре кон крајот на денот и во сабота ќе дува умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

Минималната температура утре ќе се движи од минус пет до еден степен, во сабота од три до девет, во недела од три до седум и во понеделник од минус два до пет степени.

Максималната температура утре ќе се движи од шест до 17 степени, во сабота од 11 до 17, во недела од девет до 17 и во понеделник од 10 до 18 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.