По повод 8-ми септември – Денот на независноста, во организација на Сојузот на спортови на Скопје, денеска ќе биде одржана осмата историска велосипедска тура од Маврови Анови преку Дебар до Струга.

Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда со велосипед ќе ја поминат патеката долга 110 километри. Предвидено е тие да тргнат од Маврови Анови во 9:00 часот, во Дебар да пристигнат во 10:30 часот, а во Струга во периодот од 13:30 до 14:00 часот.

Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски, кој е на 78-годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години.

Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.