Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален
дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави УХМР денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 километри на час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Утре максималните температури ќе достигнат до 30 степени,  а во вторник и среда ќе се намалат и ќе достигнат до 25 односно 26 степени. Потоа следи повторно постепен пораст, до 30 степени во сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.