Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува и попладне во јужните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе се задржи претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од понеделник времето ќе биде претежно облачно, а од средината на денот ќе започнат врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и услови за појава на грмежи. На планините врнежите ќе се од снег. Врнежите преку ноќта кон вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни врнежи ќе има во вторник и среда кога ќе дува засилен јужен ветер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.