Над Јадранот ќе се формира секундарен, но плиток циклонски систем кој во следните денови во најголем дел од Балканскиот Полуостров ќе условува поинтензивни снежни врнежи со што речиси насекаде ќе дојде до формирање на позначителна снежна покривка, соопшти Славчо Поповски.

На пониските места ќе се формира снежна покривка од 10 до 30 сантиметри, на некои места и повеќе додека на планинските дури до околу 50 сантиметри – локално и повеќе.

Што се однесува пак до снегот во Македонија, засега во значителни количества не го очекуваме освен во вид на провејување како што и најавивме уште пред неколку денови и ќе го има во вид на локално провејување денес (четврток) попладне и навечер како и утре (петок) особено претпладнето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.