Денеска е сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат поинтензивни.

Од пладне ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Утре претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а преку денот ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Инаку, сахарска прашина овој викенд ја зафати западна Европа и западниот Медитеран од каде ќе продолжи кон север. Во моментот е над Франција и Шпанија.

Прашината во Европа доаѓа од Алжир.

Голем облак прашина пристигна и во Хрватска, пренесува регионалната телевизија Н1.

Како што пренесуваат српските медиуми, се очекува прашината да дојде и во Србија, во вторник и среда, а истите денови се очекува да пристигне и во Македонија.

Прашината не предизвикува здравствени проблеми и нема никакви сериозни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.