Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со сончеви периоди претпладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи во пладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 23 до 29 степен. УВ индекост ќе биде 5.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.