Времето денеска ќе биде сончево и доста топло со краткотрајно зголемување на облачноста попладне, особено од север. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој ќе е најизразен на север и долж Повардарието.

Попладне особено на север ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од недела во попладневните часови повторно ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, но врнежите нема да бидат пообилни.

Во следниов период максималните температури ќе бидат во благо опаѓање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.