Времето во земјата денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Наутро ќе има услови за појава на магла по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.