Утринава по одделни котлини и речни долини има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната од 17 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала локална облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро. Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.