Наутро наместа со појава на магла, во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 10 до 13 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време, наутро наместа со појава на магла. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни. За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд, соопшти УХМР.са/ев/



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.