Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 7 октомври, спомен на Светите маченици Сергиј и Вакх.

На овој празник земјоделците посебно треба да внимаваат да не излегуваат со волови на нива, зошто на тој ден не треба да се ора. Се верува дека на тој ден дивите ѕверови стануваат питоми и мирни.

Преданијата велат дека Свети Сергиј на овој ден ги посетува сите опинчари, чевлари и со нив прославува, односно празнува. Овој ден меѓу православниот свет се смета за природна граница меѓу есента и зимата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.