ЈП Улици и патишта Скопје известува дека утре 25.11.2022 година од 8.30 часот до 16.00 часот поради извршување на градежни активности за реконструкција на улицата „Тодор Александров“, на потегот од  ИЗИИС до последна автобуска постојка број 3, ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје ќе го асфалтираат овој потег со втор слој асфалтна маса ЕСМ и поради асфалтирањето целиот овој потег ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација и истиот ќе важи до завршување на градежните работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.