Утре кон крајот на денот ќе има локални врнежи од снег во западните, а во сабота претежно претпладне во северните делови од земјава. Во сабота ќе дува и засилен северен ветер, што повторно ќе ја намали дневната температура. Нов влажен бран со врнежи од дожд и снег се очекува во вторник, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од минус 1 до минус 9 степени Целзиусови, а дневните од 2 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 8 степени Целзиусови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.