Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја утре во период од 08:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул. „Мите Богоевски“ лоцирани на потегот од раскрсница со ул. „Илија Димовски – Гоче“ до раскрсница со ул. „Архитект Сотир Томовски“ во општина Аеродром.

Во период од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Лазар Поп Трајков“ бр.25 влез 1 и влез 2 во општина Гази Баба, во период од 08:30 до 16:00 часот корисниците од ул.„Тодор Чангов“ краци – 41, 43, 45 и 47 во општина Аеродром, а во период од 10:00 до 12:00 часот корисниците од улиците „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Кадињача“ и „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.