Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација информира дека утре без вода ќе биде дел од општина Карпош, а задутре дел од општина Студеничани.

– Поради поврзување на нова и стопирање на стара водоводна мрежа на ул. „Букурешка” 103, утре од 9:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: ул. „Букурешка” и дел од улиците „Париска” и „Прашка” во општина Карпош, се наведува во соопштението.

ОД РЦУК Скопје информираат дека задутре, на 19 октомври, поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, од 8:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од селата Батинци и Љубош во општина Студеничани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.