Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе биде цел Комплекс МЗТ, поточно сите фирми во кругот на Стар Металски завод Тито, во Општина Гази Баба

Од 08:30 до 10:00 часот и од 14:00 до 15:00 часот, без електрично напојување ќе биде индустрискиот дел од сервис Џерси до ул.1520 и главен влез на ОХИС, од 08:30 до 16:00 часот, подулица 1 , подулица 7. и објекти во близина на склад Макпетрол покрај пругата, а од 09:00 до 15:00 часот, подулиците со бр. 18, 4, 8, 12, 10, 6. ( Општина Кисела Вода )

Како што известуват од ЕВН, во понеделник, пак, без струја ќе бидат повеќе објекти на улица „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.

Без струја од 09:00 до 15:00 часот, ќе биде и дел од улиците: Миле Поп Јорданов, Стогово, Џумајска, Братфордска и улица Козле бр. 32. во Општина Карпош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.